img-ce-oznaka

CE ознака (CE Mark)

CE ознаката е кратенка за “Conformité européenne” (анг. Европската сообразност) и претставува знак на производителот дека производот е во согласност со директивите на ЕУ со и соодветните европски стандарди наведени во упатствата и насоките.

На патот кон европскиот пазар, важен и задолжителен дел од вашиот производ е исто така CE ознаката. Слободниот проток на стоки е основата на внатрешниот пазар на Европската унија. Целта на слободен проток на стоки е да се спречат нови ограничувања за тргување, взаемно признавање и техничко усогласување. CE означувањето овозможува слободен проток на стоки на пазарот на ЕУ и поради оваа причина CE ознаката се нарекува и “пасош, карта за Европскиот пазар”.

CE ознаката на производот претставува знак на производителот дека производот ги исполнува сите основни и битни безбедносни и здравствени барања во однос на упатствата и насоките на ЕУ и хармонизираните стандарди. Упатствата и насоките на ЕУ за Новиот Пристап (New Approach) и Глобалниот приод (Global Approach) ги утврдуваат само основните и битни барања за производите, додека деталните технички барања се во техничките спецификации и во хармонизираните стандарди. Усогласеноста со стандардите на ЕУ обезбедува усогласеност со суштинските барања на упатствата и насоките.

Во зависност од барањата за безбедност, здравје, чистота и заштита на животната средина, производителот врши оценка на сообразноста на производите со барањата на насоките и стандардите, се вклучува Овластено и Пријавено тело (eng. Notified Body, TÜV NORD) за спроведување на “ЕС типско испитување” на производот. Новиот пристап е модуларен пристап и ги дефинира следниве модули за оцена на сообразноста на производот, и тоа:

  • Модул A: Внатрешна (интерна) контрола на производот
  • Модул B: EC типско испитување
  • Модул C: Усогласеност со типот на производот
  • Модул D: Обезбеден систем за квалитет на производството
  • Модул Е: Обезбеден систем за квалитет на производот
  • Модул F: Верификација на производот
  • Модул G: EC индивидуално производство
  • Модул H: Целосно обезбедување на квалитет

Спроведувањето на процесот на сертификација ги дефинира упатствата и насоките, а постапката може да ја спроведе производителот од страна на “Пријавеното тело”. Кога упатства дефинира обврска за вклучување на “Пријавеното тело” во процесот на сертификација “Пријавеното тело” го проверува развојот, ги испитува системот за управување со квалитет на производителот и/или го испитува/тестира финалниот производ, со цел да се потврдат основните барања. Производот смее да биде обележан со CE ознаката само откако е одобрен од страна на “Пријавеното тело”.

TÜV NORD е “Пријавено тело” и врши сертификација на производи од следните области и подрачја:

  • Опрема под притисок и садови под притисок
  • Медицински производи
  • Експлозивна заштита ATEX
  • Безбедносна опрема
  • Безбедност на играчки
  • Заварување
  • Градежни производи и други.

Кога “Пријавеното тело” е супервизор на производниот проес или тестирање на производ, тогаш со CE ознаката слиде идентификацискиот број на “Пријавеното тело”.

Компанијата TÜV NORD е “Пријавено тело” со ознака број 0045.

Засега, Европската Комисија издаде 23 упатства и насоки за “Новиот Пристап”, а се подготвуваат 4 упатства. Во зависност од карактеристиките, производот може да биде само во областа на едно упатство.

Упатствата се одликуваат со три групи на барања според:

  • Хармонизирани европски стандарди
  • Европски технички упатства
  • Национални технички прописи.

Бидејќи обврската на Република Македонија за усогласување на правните и техничките прописи со законодавството на ЕУ во процесот на пристапување во ЕУ, така и националните технички прописи се усогласени со упатствата и се повикуваат на Европските стандарди и норми.

Според тоа, се очекува зголемување на бројот на апликации од производителите за сертификација на производите на CE, што поради усогласената легислатива со Европската, што поради обврските на извозниците во ЕУ за означување на производи со ознаката CE.

Како можеме да ви помогнеме?