FSSC 24000 – Систем за социјално управување

Обезбедете доверба и влијание во глобалната општествена одговорност со FSSC 24000!

FSSC 24000 е шема за аудит и сертификација за системи за социјално управување што се усогласува со пристапот на системот за управување со ISO и усогласената структура на ISO.

Шемата FSSC 24000

Развиена преку обемни и отворени консултации со глобалните засегнати страни, Шемата FSSC 24000 го вклучува меѓународно признатиот, независен стандард PAS 24000: Спецификација за системи за социјално управување што вклучува барања за општествени перформанси. Стандардот PAS 24000 и документите на шемата FSSC 24000 се достапни за преземање бесплатно.

Разликата со оваа шема на сертификација на системи за социјално управување во споредба со останатите шеми за социјални стандарди е што за оваа шема се издава акредитиран сертификат за времетраење од 3 години со годишни надзорни проверки, слично како вообичаените ISO сертификати.

Шемата може да се примени во производствениот и преработувачкиот сектор (прехранбени и непрехранбени), вклучувајќи ги и нивните поврзани услуги во индустријата на стоки за широка потрошувачка и нивната поврзана база на снабдување.

За повеќе информации погледнете го следниот линк.

За сите дополнителни информации контактирајте не office@tuv.mk или на телефон +389 2 3221 603.