KАРИЕРА

Деловна соработка

Драги потенцијални соработници,

Т-ЦЕРТ е екслузивен претставник за С. Македонија и бизнис партнер на TÜV NORD CERT од Германија која брои повеќе од 15.000 високообразовани вработени во областа на технички инспекции, сертификација на системи и многу други области, и работи преку своите канцеларии во повеќе од 80 земји во светот.

Веројатно сте свесни дека TÜV Nord е една од најистакнатите компании за сертификација на пазарот на Република Северна Македонија и поширокиот регион, со клиенти сертифицирани во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001, 14001, ISO 45001, HACCP, 22000, 27001, 20000, 22301, 29001,…

TÜV Nord Macedonia ги поканува сите потенцијални соработници од Република Северна Македонија, организации, маркетинг компании или поединци кои: го познаваат добро локалното деловно опкружување, имаат соодветни деловни контакти, имаат познавање од меѓународните стандарди / системи за управување, а имаат знаење, искуство и волја да работат во обработка на пазарот, за деловна соработка во областа на обработка на пазарот / трговско и комерцијално претставување и застапување.

Придружете се на мрежата на нашите соработници. Сите заинтересирани можат да не исконтактираат на следните e-mail адреси: office@tuv.mk или officemk@tuv-nord.com  како и нашиот телефонски број +389 (0) 2 3221 603.

Вашиот ТÜV Macedonia Team!

Како можеме да ви помогнеме?