Преоден период на стандардот ISO 22000:2018

Системот за управување со безбедност на храна ISO 22000:2005 е приоритет за сите организации кои произведуваат, преработуваат, пакуваат, складираат или испорачуваат храна. Новата верзија на стандардот од 2018 година е излезена на 19.06.2018 година, со што стариот стандард ISO 22000:2005 излегува од употреба. Целта на новиот стандард ISO 22000:2018 е хармонизирање на барањата за управување со безбедност на храната на глобално ниво. Новиот стандард допринесува за осигурување на безбедноста на храната преку целиот ланец на снабдување од нива до трпеза. Стандардот не ги специфицира специфичните критериуми за ефикасноста на безбедноста на храната, ниту пак го специфицира дизајнот на систем за управување.

Преминување кон новиот стандард- Транзиција од ISO 22000:2005 во ISO 22000:2018 Преминувањето кон новиот стандард може да биде извршено за време на ресертификационен или надзорен аудит. Новиот стандард содржат нови и проширени барања кои мора да бидат опфатени во текот на аудитот. Тоа е официјално барање до сите сертификациони организации и е наметнато од Акредитираните тела DAkkS. Откако ќе се изврши преминувањето кон новиот стандард, следните аудити ќе бидат спроведени без дополнителни трошоци. Преоден период Ако вашата организација во моментов има акредитиран сертифицикат ISO 22000:2005, рокот за транзиција кон новиот стандард ISO 22000: 2018 е до 18.06.2021. Транзицијата кон новиот стандард ISO 22000: 2018 може да се изврши на редовна ресертификација или надзор над вашиот систем за управување со безбедност во храната. Како можеме да помогнеме? Ние нудиме курсеви за обука кои ќе ви помогнат да ги разберете барањата на ISO 22000: 2018. На Ваше барање, можеме да обезбедиме анализа на недостатоците што можат да се искористат за да се потенцираат промените што ќе треба да се направат при преминот од сертификација на ISO 22000:2005 на ISO 22000: 2018. Контактирајте нè за да дознаете повеќе за транзицијата кон ISO 22000: 2018.