ЗА TÜV NORD

Некогаш и денес

За да се спречат експлозии на парни котли, пред 150 години во Германија како независна организација беше основан некогашниот DÜV.

Со развојот на технологијата и заради зголемените побарувања на пазарот, DÜV започна да ги презема работите на технички преглед, контрола, испитување, техничка експертиза, а во средината на 1930-тите го смени своето име во ТÜV

Со долгогодишна работа, угледот и традицијата, TÜV стана синоним за квалитет.
Услугите на TÜV ги користат не само големите компании и постројки, туку и малите – ознаката TÜV GS, која меѓу другото може да се најде на микробранови печки, компјутери или ролери, е доказ дека TÜV е сеприсутен бренд кај домаќинствата и секој има доверба во стручноста што ја назначуваат три букви „T Ü V“ – советување, проценка, испитување, обука, сертификација.

TÜV NORD GROÜP е формирана во 2005 година од страна на здружението на TÜV NORD e.V, RWTÜV e.V и TÜV Hannover / Sachsen -Anhalt e.V., во сопственост на Сојузна Република Германија и Германската асоцијација за индустрија.

Денес, TÜV NORD GROÜP вработува повеќе од 15.000 вработени и со своите канцеларии сме присутни во над 80 земји низ целиот свет, така што слободно можеме да кажеме дека на нашите клиенти сме достапни на кое било место во светот каде што ги носат нивните деловни активности.

TÜV NORD GRÜP е акредитиран со повеќе од 120 национални и меѓународни акредитации и поседува мрежа со повеќе од 1200 искусни експерти. Со годишен обрт од над 1 милијарда евра, со сигурност можеме да кажеме дека TÜV NORD е призната како една од водечките светски компании во својата делокруг.
Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје е основана во 2010, а соработката со TUV NORD ја отпочнува во 2015 година.

Т-ЦЕРТ со своето делување ја опфаќа територијата на Македонија. Седиштето на компанијата е во Скопје, но се стремиме да опфатиме што е можно повеќе подрачја, како би биле што е можно поблиску до корисниците на нашите услуги и како и што побрзи во реализацијата на услугите

Во соработка со матичната компанија TÜV NORD GROÜP, нашата компанија нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD, главно со наши експерти со сите овластувања на TÜV. Се разбира, целокупната инфраструктура TÜV NORD GROÜP е достапна во секое време, така што во реализацијата се задржува високото ниво на квалитет на услугата дефинирано на ниво на групација.
Континуираното зголемување на бројот на вработените, видовите услуги што ги нудиме како и реализацијата, е доказ дека бројни компании го признале нашиот квалитет.

Со својот широк спектар на услуги, препознатливоста на пазарот, поседување на потребните акредитации и овластувања, постојано присуство и работа на пазарот, извршени работи и нови договори, изразената комуникативност и компетентност на персоналот, создаде сигурна основа за подобрување на работата на TUV NORD во Македонија и сите нејзини клиенти кои го имаат препознанено тоа до сега!

Се надеваме дека во иднина ќе ја оправдаме угледот и традицијата на TÜV NORD, и дека и на овој простор, повеќе компании ќе ја видат предноста да бидат вклучени во големо семејство на компании со препознатлива ознака за квалитет – проверено – сертифицирано од TÜV NORD.
Нашите вработени, надворешни соработници, водечки аудитори и технички инспектори, со овластување од TÜV NORD, Ви стојат на располагање.

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје – TÜV NORD CERT
НИЕ ГО ПРАВИМЕ СВЕТОТ ПОСИГУРЕН!

how can we help you?

Contact us at the Consulting WP office nearest to you or submit a business inquiry online.