ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје, како авторизиран претставник на групацијата TÜV NORD и почитувајќи ги принципите и постулатите на нејзината матична компанија, има свои особености, кои сакаме да ги објавиме.

Како сертификациско и инспекциско тело, сакаме да бидеме препознатливи и прифатени како сигурен и кредибилен деловен партнер. Наша цел и задача во секое време е да ги исполниме барањата на нашите клиенти и постојано да ги следиме и да ги разгледуваме желбите на клиентите кои не се експлицитно изразени.

Во нашата работа, ќе ги почитуваме сите задолжителни законски и други регулативи за животната средина кои се однесуваат на животната средина. Преку ова, како и со сопствената свест на секој вработен, ќе работиме на заштита на животната средина, вклучително и спречување на загадување на животната средина. Во нашата работа, постојано ќе го подобруваме системот за управување со животната средина и ќе се стремиме кон подобрување на перформансите на животната средина.

Основа за активности за проценка, сертификација, инспекција и надзор се релевантни директиви, закони и регулативи, национални и меѓународни стандарди и интерни стандарди на компанијата

Нашето мото е „ПОДОБРО. ПОБЛИСКУ. ПОВЕЌЕ.’’ сакаме да го преточиме во нови вредности, со што ќе придонесеме кон континуирано подобрување на сеопфатните активности насочени кон нашите клиенти, нашите вработени и надворешните партнери.

ПОДОБРО

Да се биде подобар од конкуренцијата, а нашите експерти, искуство и знаење се гаранција

ПОБЛИСКУ

Да се биде поблиску до клиентите и иновациите

ПОВЕЌЕ

Повеќе услуги се основа на нашиот развој, да им обезбедиме на нашите клиенти целосна услуга на едно место. Не сакаме да бидеме само контрола, туку и да учествуваме во развојот, како во мали, средни така и во големи организации и проекти.

На овој начин, најмногу придонесуваме во развојот на нашето опкружување, клиентите со кои соработуваме, како и потенцијалните клиенти, кон кои имаме уникатен и недискриминаторски пристап, а на задоволство на сите заинтересирани страни

Управата и сите вработени во TÜV Croatia d.o.o. се одговорни да се придржуваат кон правилата на нашиот систем на управување и преку нивната работа и иницијатива обезбедуваат континуирано подобрување на деловните процеси

Изјава за непристрасност, доверливост и избегнување судир на интереси

Основните принципи што ги применува TÜV NORD во својот делокруг за да им даде доверба на сите заинтересирани страни во неговите услуги се непристрасност, компетентност, одговорност, отвореност, доверливост и одговор на поплаки. За да се обезбеди независност, непристрасност и чесност на TÜV NORD со своите вработени, во никој случај не се занимава:

• Дизајн, производство, снабдување, поставување, употреба или одржување на предметот на сертификација или инспекција
• Советодавни услуги што овозможуваат решавање на прашања кои се пречки за добивање на сертификат.
• Ниту една друга услуга што може да ја загрози доверливоста, објективноста или непристрасноста во процесот на сертифицирање или инспекција.

Непристрасноста е доказ дека сите процеси и решенија во процесот на сертификација и инспекција не се присилени или под влијание на ниту една заинтересирана страна, како клиентот, така ни аудиторот, инспекторот, вработените во TÜV NORD или членови на Советот за сертификација.

Непристрасноста е еден од најважните докази за кредибилитетот на процесот и сертификатите што ги издаваме.

TÜV NORD ја има утврдено, преку документацијата на системот за управување со квалитет, како и документацијата за процесите на сертификација и инспекција, можноста за потенцијален судир на интереси, и начин на кој постапуваме во случај на конфликт на интереси или пристрасност.

Идентификацијата, анализата како и мерките што планираме да ги преземеме во случај на потенцијален судир на интереси се дефинирани со документираната процедура – управување со непристрасност.

Како потенцијални влијанија врз непристрасноста го препознавме следното:

• Влијанија кои произлегуваат од финансиски причини на поединци, сертификациско или инспекциско тело
• Влијанија како резултат на давање советодавни услуги на лица вклучени во процесот на сертификација
• Влијанија како резултат на доверба наместо на објективни докази
• Влијанија како резултат на закани

За сите овие елементи многу водиме сметка преку нашите секојдневни активности, со што на тој начин обезбедуваме објективност на процесот на сертификација и инспекција.

Во Скопје; Македонија. 01.01.2016.

Директор, Александар Ивановски, MSca. BA.

how can we help you?

Contact us at the Consulting WP office nearest to you or submit a business inquiry online.