career

Кариера

Деловна соработка

Драги потенцијални соработници,

Т-ЦЕРТ е екслузивен претставник и бизнис партнер на TÜV NORD CERT од Германија која брои повеќе од 15.000 високообразовани вработени во областа на технички инспекции, сертификација на системи и многу други области, и работи преку своите канцеларии во повеќе од 80 земји во светот.

Веројатно сте свесни дека TÜV Nord е една од најистакнатите компании за сертификација на пазарот на Република Македонија и поширокиот регион, со клиенти сертифицирани во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001, 14001, OHSAS – 18001, HACCP, 22000, 27001, 29001,…

TÜV Nord Macedonia ги поканува сите потенцијални соработници од Република Македонија, организации, маркетинг компании или поединци кои: го познаваат добро локалното деловно опкружување, имаат соодветни деловни контакти, имаат познавање од меѓународните стандарди / системи за управување, а имаат знаење, искуство и волја да работат во обработка на пазарот, за деловна соработка во областа на обработка на пазарот / трговско и комерцијално претставување и застапување.

Придружете се на мрежата на нашите соработници. Сите заинтересирани можат да не исконтактираат на следните e-mail адреси: office@tuv.mk или officemk@tuv-nord.com  како и нашиот телефонски број +389 (0) 2 3221 603.

Вашиот ТÜV Macedonia Team!

how can we help you?

Contact us at the Consulting WP office nearest to you or submit a business inquiry online.