Hygiene and Cleanliness Checks, CORONA HYGIENE CHECKS (Проверена хигиена и чистота)

Хигиената сега е главен приоритет. Со цел да ги поддржи компаниите во спроведувањето на бројните регулативи за хигиена, TÜV NORD CERT ја разви програмата за тестирање „Проверена хигиена и чистота“.


Обезбедување хигиена и чистота

Настаните во изминатите неколку месеци претставија големи потешкотии не само во хотелската индустрија, туку и автомобилскиот сектор, прехранбената индустрија и бројни други сектори со огромни предизвици.

По краткорочното затворање на хотелите, исклучувањето во многу институции и неколку недели ограничувања, сега се донесени мерки за олеснување. Сепак, враќањето во нормалното секојдневие не е можно засега.

Хигиената сега е главен приоритет. Со цел да ги поддржи компаниите во спроведувањето на бројните регулативи за хигиена, TÜV NORD CERT ја разви програмата за тестирање „Проверена хигиена и чистота“

Предности: Ова ви носи верификација на „Хигиената и чистотата“

Ќе добиете широка листа за проверка од нас. Ова ќе ви даде насоки кои мора да се спроведат со цел воспоставување на превентивни мерки.

Ние одиме низ листата заедно и спроведуваме проверка на Вашиот терен/простор. Како резултат на тоа се креира извештај и, доколку резултатот е позитивен, се издава тест-марка.

Нашата ознака за сертификација (тест-марка) ја разликува вашата компанија од големиот број даватели на услуги. Им покажувате на вашите клиенти дека ги почитувате меѓународните препораки и националните регулативи за хигиена и чистота во вашата компанија.

Доколку сакате да добиете понуда за оваа услуга, Ве молиме пополнете го овој прашалник во продолжение.