ВАЖНО!!!

Само две години по објавувањето на IFS Food верзијата 7, IFS Management подготвува нова верзија 8, која е во завршна фаза.

Верзијата IFS Food 8 станува задолжителна од Јули 2023 година.

Менаџментот на IFS го наведува прилагодувањето кон новиот Codex Alimentarius и ISO 22003-2 како главнa причинa за неговата ревизија.

Предлогот на новата верзија 8 вклучува спојување на постоечките документи и поедноставување на примената на самиот стандард.

Некои од примерите вклучуваат: Ќе се промени ревизијата на постоечкиот систем за оценување специјално за оценката Б. Што значи дека Б е отстапување и значи речиси целосна усогласеност, и ќе бидат потребни корекции и корективни активности.

К.О. точките може да се оценуваат само со А, Б или Д (=К.О). Број на поени за Б оценката К.О. критериумите ќе бидат 0.

Фокусот на производот и пристапот кон процесот дополнително ќе се зајакне, со цел трагите вo текот на аудитот појасно да се следат и мониторираат. Постоечката листа за проверка беше ревидирана со цел точност и конзистентност на информациите. Понатаму, новата верзија има за цел да го поедностави пополнувањето на задолжителните податоци, што е претежно пропишано од GFSI, што секако би заштедило време за време на ревизијата и техничкиот преглед.

Друг важен документ од доктрината на IFS исто така е опфатен со промени, кои ќе бидат содржани и поедноставени поради воведувањето на нов софтвер.

Доколку имате дополнителни прашања, TÜV Nord ви стои на располагање!