
Сертификација на Персонал
Сертификацијата на лица се изведува според барањата на стандардот EN ISO/IEC 17024:2012 од страна на „Тело за овластување на лица“ на TÜV Nord Bulgaria EOOD, признато од Извршната агенција „Бугарска служба за акредитација“ со Сертификат за акредитација № 4OSL / 11.07.2017 година. Нашите специјалисти исто така вршат сертификација под германски акредитација на DAKkS.
Овластеното тело на TÜV NORD одобрува персонал за производство и поправка на не-одвојливи споеви во согласност со Уредбата за основните барања и проценка на сообразноста на опремата под притисок и Директивата 2014/68 ЕУ.
Заварувачите и операторите на метални и термопластични материјали се сертифицираат според EN ISO 9606, AD 2000 HP3, EN ISO 14732 EN ISO 15620, EN 13067, како и заварување според EN ISO 13585. По писмено барање до office@tuv.mk или officemk@tuv-nord.com даваме информации за издадени сертификати, нивната валидност и обем.
Останати услуги во доменот на сертификација на персонал се следните:
- Сертификација на персонал според SCC – Safety Certificate Contractors
- Тестирање на заварувачи во согласност со EN 287 и EN 1418 за заварување
на челици и алуминиумски легури, како и за EN 13067 за заварување на пластика
Приговори и поплаки во врска со овластување или злоупотреба на сертификат се упатуваат на office@tuv.mk или officemk@tuv-nord.com