ЗА НАС
Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје има авторизирано и екслкузивно претставништво за TÜV NORD CERT која претставува една од најзначајните компании во светот во областа на сертификација на системи, сертификација на производи, техничка инспекција и надзор, информатичка технологија, прехрамбен сектор и низа други дејности.
TÜV NORD вработува повеќе од 15.000 вработени, а 2/3 од вработените се високо образовани експерти во различни области, со годишен приход од преку 1,5 милијарди EUR.
TÜV NORD има присуство во повеќе од 80 земји од целиот свет, така што слободно можеме да кажеме дека Ви стоиме на располагање насекаде во светот каде што ќе Ве доведат Вашите деловни активности.
TÜV денес е сосема сигурно синоним за квалитет. Традиција од преку 150 години, референтна листа на клиенти на која се наоѓаат многу голем број на реномирани компании од целиот свет, а повикувајќи се на TÜV сертификатите и извештаите од испитувањата за докажување на квалитетот на своите производи и услуги (со TÜV знакот веројатно и Вие секојдневно се сретнувате, од компјутери преку различни апарати за домаќинство и индустриска опрема, до автомобили, каде TÜV знакот претставува највисоко можно признание) се најдобар доказ за тоа.
TÜV NORD во регионот на ЈугоИсточна Европа – Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Грција и пошироко е една од водечките сертификациските тела со преку 3.000 сертифицирани компании од различни области на работење и речиси 5.000 сертифицирани системи за управување според барањата на меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001, ISO 50001, ISO 45001 (OHSAS 18001), SCC, IRIS, ISO 22000, FSSC 22000, IFS, BRC, GlobalGAP, GMP, FAMI QS, ISO 27001, ISO 20000, ISO 22301, FSC CoC, BSCI, SMETA, PEFC, EN Plus, ISO/TS 29001, ISO/TS 16949, EN 1090, ISO 3834, ISO 15085, итн; т.е. компанија која е препознаена по највисокото ниво на стручност и професионалност во областа на сертификација на системи, сертификација на производи, техничка инспекција и најразлични технички испитувања.
Нашите вработени и надворешни соработници се високообразовани експерти од различни подрачја, кои поседуваат суштинско знаење што претставува дополнителна вредност за нашите клиенти во постојано унапредување на квалитетот на работењето. Со нашите сертификати ќе бидете признати како компанија во која квалитетот на производите и услугите е на прво место.
Во согласност со тоа, Ви го претставуваме Профилот на нашата компанија.
Во Вас гледаме наш иден партнер и сме подготвени да ги понудиме нашите услуги, на начин што во соработка со TÜV NORD ќе ги препознаете придобивките што може да се постигнат со взаемното задоволство на бизнисот.
Знакот на TÜV е влезница за светскиот пазар!