sl-podkategorii1

TÜV АКАДЕМИЈА И ОБУКИ
СЕКОГАШ БЛИСКУ ДО ВАС

Претставништвото на TÜV NORD CERT во Македонија Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје, располага со високо кфалификувани експерти во областа на системите за управување на квалитетот и техничката инспекција. Дејностите кои ги извршува TÜV NORD се во областа на Сертификација на Системи за Управување, Техничка Инспекција, Сертификација на производи и Обуки.

Академијата на TÜV NORD нуди најразлични програми за обуки, кои претставуваат дел од политиката на секоја компанија со цел за зголемување на квалификациите на својот персонал. Големиот број на акредитации и признанија од германсаките и европските правни системи се доказ за поседување на голем број на компетентности во најразлични области.

Обуките, предложени од TÜV NORD CERT (Т-ЦЕРТ СИСТЕМ Скопје), се подготвени од квалификаувани кадри, кои што работат во спроведувањето и проверувањето на различните системи за управување.

TÜV NORD ги нуди широк спектар на теми, при што би издвоиле само мал дел, а во каталагот кој Ви го праќаме во прилог на оваа порака, имате многу повеќе:

TÜV NORD АКАДЕМИЈАТА е член на EFQМ-European foundation for Quality Management.

Академијата TÜV NORD ги предлага следниве семинари:
– Менаџер на системи за управување со квалитет (ISO 9001:2015)
– Менаџер на системи за безбедност и здравје при работа (OHSAS 18001).
– Менаџер на системи за управување со околината (ISO 14001:2015)
– Менаџер на системи за безбедност во храната (HACCP, ISO 22000, IFS, BRC)
– IRCA Водечки Аудитори (Lead Auditor) на системите за управување

Предности доколку бидете дел од Академијата на TÜV NORD:
• Широк спектар
-од теми, базирани на целосното know-how на TÜV NORD.
• Блискост до праксата
-со компетентни предавачи, професори кои знаат што е важно за вашата работа.
• Интересен начин на претставување
-изучување на важните работи од содржината со запомнување на лесен начин.
• Блискост до клиентите
-можност да се спроведе обуката на местото каде што се наѓа клинетот.
• Квалитет на нашите услуги
-осигурано од системот за квалитет согласно ISO 9001.
• Меѓународно признати сертификати
-препорачани од компании и институции.

• За секој учесник на семинарот, по проверката на знаењето од тестирањето и позитивното решавање на истиот, ќе биде издаден Сертификат од TÜV NORD за оспособеност за соодветниот семинар. Сертификатот на TÜV NORD е признат од сите меѓународни организации и како таков може да послужи како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.

ЦЕЛ НА СЕМИНАРИТЕ
Едукација на вработените кои се припремаат или работат на воведување, примена или оценување на системите за управување. Оспособување за спроведување на интерни аудити (проверки) во сопствената, но и во други организации (добавувачи, кооперанти/ подизведувачи и сл.)

ПРЕДАВАЧИ
Предавачи на семинарите се експерти од подрачјата, како и Senior Lecturers но и Водечки Проверувачи (Lead Auditors) на TÜV NORD CERT, кои имаат повеќегодишно специјалистичко и практично искуство во својата област.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА
Одговорните личности во организациите кои се задолжени за обврските во врска со ситемите за управување со квалитет (обезбедување на квалитетот, раководството, набавка, продажба, производство, реакизација на услугите, технички служби…).

Со задоволство можеме да подготвиме семинари по тема која е од Вас избрана, и кој може да се спроведе во Вашата компанија/организација.
Во продолжение ви Го претставуваме каталогот со сите теми:

НАЗИВ НА СЕМИНАРОТ
КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА
• ISO 9001:2015 за интерен аудитор
• ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 за интерен аудитор
• ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007 за интерен аудитор
• ISO 45001 (OHSAS 18001:2007) – барања и транзиција – НОВО!!!
• ISO 50001:2011 за интерен аудитор
• IATF 16949:2016 квалитет во автомобилската индустрија – барања – НОВО!!!
• ISO 37001:2016 анти-корупциски систем за управување – барања – НОВО!!!

ИНФОРМАЦИСКА СИГУРНОСТ
• ISO 27001:2013 за интерен аудитор
• ISO 20000-1:2011 и ISO 27001:2013 за интерен аудитор
• ISO 22301:2012 и ISO 27001:2013 за интерен аудитор
• ISO 22301:2012 Бизнис континуитет – барања
• ISO 31000:2009 Управување со ризици – барања

БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
• HACCP за интерен аудитор + барања и хигиена на храна
• ISO 22000 + HACCP за интерен аудитор
• IFS Food за интерен аудитор
• BRC за интерен аудитор
• IFS Logistics – барања
• FSSC 22000 – барања – НОВО!!!
• Global G.A.P. барања – НОВА ВЕРЗИЈА 5.1!!!
• HALAL – барања
• KOSHER – барања
• GMP – барања – НОВО!!!
• Gluten-free – НОВО!!!
• Алергени во храна
• BRC IoP (Packaging) – барања – НОВО!!!

ТЕХНИЧКА ИНСПЕКЦИЈА И СЕРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ
• EN 1092-2 – Челични носиви конструкции
• ISO 3834 – Квалитет на заварување
• Опрема и садови под притисок и PED 2014/68/EU Европска директива
• CE ознака – основи, практични смерници и законски обврски

ОПШТЕСТВЕНА (СОЦИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ) И ОДРЖЛИВОСТ
• SA 8000 – барања
• BSCI – барања
• SMETA (Sedex) – барања – НОВО!!!
• FSC® (ланец на производи: дрво, целулоза и хартија, печатење) – барања

how can we help you?

Contact us at the Consulting WP office nearest to you or submit a business inquiry online.