ISO/IEC 27001:2022 – Обука за Интерни Аудитори
TÜV NORD Representative Office T-CERT Macedonia, ве поканува на on-line обука за Интерни Аудитори за новата верзија на ISO/IEC 27001:2022, Систем за управување со безбедноста на податоците.
Целта на овој курс е да обезбеди знаења и вештини потребни за спроведување на интерни аудити на системот за управување со безбедноста на податоците во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO/IEC 27001:2022. Покрај теоретскиот дел, во текот на оваа обука посебен акцент е ставен на стекнување знаења и вештини преку дискусии, вежби, работилници и студии на случај.
Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD. Сертификатот на TÜV NORD е признат од сите релевантни меѓународни институции и организации, и како таков може да послужи како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.
За кого е наменета оваа обука?
• На лица кои сакаат да станат Интерни Аудитори за ISO/IEC 27001:2022
• Менаџери за безбедност на информации,
• Аудитори за безбедност на информациите,
• Консултанти
• Експерти од областа на безбедноста на информациите со искуство во имплементација на системи за управување и аудити
• На претставници на менаџментот, менаџери и членови на тимот одговорни за воспоставување, спроведување, одржување, следење и подобрување на системот за управување со безбедноста на информациите (ISMS).
Датуми на обуката и предавач:
22 и 23 април 2024 година, преку on-line платформа.
Предавач на обуката ќе биде Г-дин Ѓоко Стаменков (Lead Auditor на TÜV NORD) кој има 20 години специјалистичко и практично работно искуство како Водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите.
Пријавување и цена:
За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на TÜV NORD Representative Office T-CERT Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката котизација во износ од:
• 8.900 МКД + ДДВ од 18% за ISO/IEC 27001:2022 (дводневен семинар), по учесник.
• За секој нареден учесник од иста компанија/организација, следува попуст од 10%.
Доколку сакате да се пријавите на оваа обука, Ве молиме симнете го и пополнете го овој образен на следниот линк: Prijava_za_seminar
За сите дополнителни информации, контактирајте не на office@tuv.mk.